Објавен е јавниот повик за поддршка на мали дестилерии

Bez autora
May 30 2023

Денеска, на веб-страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавен е јавен повик за финансиска поддршка на мали дестилерии.

Поддршката за малите дестилерии произлегува од програмата за финансирање микроземјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци како нова мерка за поддршка, која првпат почнува со реализација од оваа година.

Целта на програмата за финансирање микроземјоделски производители на алкохолни пијалаци е поддршка на земјоделските стопанства во остварување додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на жестоки алкохолни пијалаци.

Висината на финансиската поддршка изнесува до 300.000 денари од корисник, а средствата може да бидат искористени за набавка на опрема за производство на жестоки алкохолни пијалаци и ангажирање стручно лице, технолог за производство на алкохолни пијалаци.

Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства регистрирани во Електронскиот регистар во Царинската управа, како земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци или регистрирани во Електронскиот регистар во Царинската управа како мали независни производители на етилалкохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии во согласност со Правилникот за начинот на даночење со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Министерот Николовски денеска беше во посета на мaла дестилерија во Неготино, од каде што го најави повикот и ги повика сите заинтересирани производители на жестоки алкохолни пијалаци да аплицираат и да ја искористат поддршката.

„Преку оваа нова мерка уште еднаш на дело докажуваме дека сме министерство што го слуша гласот на земјоделецот. Токму оваа нова мерка за поддршка на малите дестилерии доаѓа како барање од земјоделците при нашите теренски средби. Мерка во чие креирање беа вклучени и консултирани земјоделците, малите производители на жестоки алкохолни пијалаци. Денес, токму од терен, од малата дестилерија на Влатко Стојанов во Неготино го најавуваме почетокот на јавниот повик за поддршка на малите дестилерии. До сега имаме регистрирани 23 мали дестилерии, но ги бележиме и првите здруженија на мали дестилерии. Токму затоа очекувам овој јавен повик да предизвика голем интерес кај малите производители на алкохолни пијалаци и максимална искористеност на поддршката што ја ставаме на располагање за набавка на опрема за производство“, изјави Николовски и притоа искажа очекување малите дестилерии да го достигнат успехот на малите винарници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik